Тој навистина не е заинтересиран: Во кои ситуации едноставно не вреди да се трудите?

Иако ова звучи по малку тажно, сепак е вистина дека жените понекогаш се премногу прилагодливи кога станува збор за мажите и љубовта. Тогаш смислуваат изговори и се трудат да ги разберат мажите кои тоа навистина не го заслужуваат.

Но, како вистински пријател, Грег Бехрент, се обидува да им го објасни ова на жените и да им ги отвори очите. Во својата  книга „Тој едноставно не е заинтересиран за тебе“ тој ги објаснува ситуациите во кои однесувањето на мажот кажува дека едноставно не е заинтересиран. Меѓу  останатото, тој пишува:

Тој кажува како навистина е зафатен, толку зафатен што едноставно немал време да се напие кафе, а камоли да ја подигне слушалката и да ви се јави. Лага. Со создавањето на мобилниот телефон, речиси е невозможно да не може да ви се јави, барем на кратко. Ако е заинтересиран за вас, на крајот од денот вие би му биле светла точка, што значи дека едвај би чекал да ви се јави.

Со години, жените одат на кафе, коктели или преку телефон и го анализираат машкото однесување и се обидуваат да ја состават сложувалката од неговите сигнали:

  • Се плаши дека некој повторно ќе го повреди.
  • Можеби не сака да го уништи пријателството.
  • Можеби се чувствува помалку вреден, па се плаши да се обиде.
  • Само што излегол од врска.

Грег Бехрент вели дека овие изговори не се ништо друго освен губење време. Можеби, едноставно можеби, човекот не е заинтересиран.

Единствената вистина е дека на мажите често им е непријатно директно да кажат: „Не ме интересираш во таа смисла“, но нивните постапки откриваат што мисли и што чувствува.

Секое поглавје од книгата објаснува една ситуација во која жените се залажуваат, не сакајќи да прифатат дека едноставно нема потреба за оправдувања и дека човекот едноставно не е заинтересиран.

Ова се некои од ситуациите во кои, според Грег Бехрент, не треба да си ја полните главата со теории и дека треба да го прифатите едноставниот факт дека тој не е заинтересиран:

  1. Не е заинтересиран ако не ве вика на состанок.
  2. Не е заинтересиран ако не ви се јавува.
  3. Не е заинтересиран ако избегнува излегувања.
  4. Не е заинтересиран ако не сака да има секс со вас.
  5. Не е заинтересиран ако има секс со друга жена.
  6. Не е заинтересиран ако единствено се интересира за вас кога е пијан.
  7. Не е заинтересиран ако раскинал со вас.
  8. Не е заинтересиран ако исчезнал без објаснувања.
  9. Не е заинтересиран ако не сака да се разведе.
  10. Не е заинтересиран ако е себичен, насилник или налудничав.