Тој ме нарекува „убава“ како тоа да е моето вистинско име!

„Добро утро, убава!“

„Добра ноќ, убава!“

„Како си, убава?“

Ова се пораки која секоја девојка посакува да ги добие, а јас бев доволно среќна да најдам маж кој секојдневно ќе ми ги праќа. Тој ме нарекува „убава“ како тоа да е моето вистинско име, а јас не можам да бидам поблагодарна за тоа.

Тој ме нарекува „мило“ како тоа да е моето вистинско име и тоа прави да се чувствувам како конечно да сум го пронашла својот дом. Кога ќе го чујам тоа чувствувам дека сум единствената девојка на планетава Земја. Чувствувам дека имам човек кој ме заштитува, некој кој можам да го наречам „мој“, а тој може да ме нарече „негова“.

Тој ме нарекува „прекрасна“ како тоа да е моето вистинско име и прави да се чувствувам токму тоа: прекрасна. За девојка која не се чувствува секогаш така, ова ми значи повеќе од сѐ на светот. Без оглед на тоа како се гледам себеси во огледало, кога тој ќе ме нарече така, сопствената слика за себеси веднаш се менува во позитивно светло.

Тој ме нарекува „будалче“ како тоа да е моето име, а јас правам се што можам за да го насмејам. Тој никогаш не нарекувал некого така, а сега тоа ни е заеднички прекар.

Тој ме нарекува „душо“ како тоа да е моето име и тоа прави да се чувствувам како да сум на седмо небо. Тој ме инспирира да бидам подобра личност.

Тој ме нарекува негова „девојка“ како тоа да е моето име и јас ја носам таа титула со гордост. Кога ќе ме претстави како негова девојка, тоа некако прекрасно звучи. Тоа ме потсетува дека сум неговата партнерка, поддржувач, љубовница и пријателка. „Девојка“ значи многу работи и уживам што сум сето тоа.

Тој ме нарекува „убава“ како тоа да е моето вистинско име и тој е единствениот човек на кого му верувам кога ќе го каже тоа. Тој израз ставга насмевка на моето лице и прави да се чувствувам како да можам да летам. Понекогаш не знам зошто ме нарекува така, но ете – сепак ме вика „убава“.

Тој ме нарекува „убава“ како тоа да е моето име и знам дека тоа е едно од најубавите и најпрекрасните прекари кои сум ги имала. Тој ме нарекува „убава“ и јас му верувам. Тој ме нарекува “убава“, а јас уште повеќе се заљубувам во него.