Тој денес има околу 550 години - еден од најстарите „скопјани" се уште е жив!

Скопје има чинар со кој може да се гордее и кој претставува атракција, иако за него треба многу повеќе да се знае. 

Чинарот е засаден во дворот на познатата џамија „Иса-бег“, која е подигната во првата половина на 15 век, 1475/1476 година. 

Ако чинарот е засаден во времето на подигањето на џамијата, тој денес има околу 550 години, според официјалните наводи. Станува збор за Platanus Orientalis, односно платан, чинар или јавор, висок дваесет метри, кој е заштитен од 1993 година. 

Заедно со охридскиот чинар и уште еден на Кипар се сметаат за три најстари дрвја во југоисточниот дел на Европа. 

 

Фото: Фејсбук група „Стари скопјани"