
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот И.Б. од Охрид и правниот субјект со седиште во Пештани, поради сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.
При контролите извршени на 29 август 2026 година, на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири малолетни лица им било овозможено купување и користење алкохолни пијалаци.
Според полициските наводи, при продажбата не им биле побарани лични документи, ниту била утврдена нивната возраст.