Тоа секогаш се случува во една есенска ноќ...

Копнеж

Тоа секогаш се случува во една есенска ноќ,
кога паѓаат костени по асфалтот и кога се слушаат кучиња во далечината.
И тогаш неописливо се јавува копнеж по некого,
кој би бил добар, наш, близок, интимен, пријател
и кому би можеле да му напишеме писмо.
Би му се исповедале за сѐ што лежи во нас.
Би му напишале писмо, а него го нема.

  • Мирослав Крлежа