Тоа е само лош ден, но не и лош живот

Кога изгледа како сите нешта да се против мене, се потсетувам себеси дека тоа е само лош ден, лоша недела, лош месец, но не и лош живот. Секогаш кога ќе почувствувам како солзите надоаѓаат во моите очи, постојано се трудам да се потсетам себеси дека можам да се соочам со стресот.

Сакам нештата да испаднат на подобро, но понекогаш не изгледа воопшто дека тие одат во добар правец. Сите нешта изгледаат како сложен хаос и катастрофа која никогаш нема да заврши. Сакам да се откажам, но дел од мене секогаш се бори и верува во подобри времиња.

Не знам како нештата ќе станат подобри, но знам дека морам да ја задржам надежта. Знам дека морам да се држам до неа, иако е последното нешто што го имам во себе, бидејќи без надежта нема да имам ништо. Без надежта, никогаш не можеме да очекуваме добри денови.

Знам дека животот не е толку лош, дека имам пријатели кои ме сакаат и поддржуваат и кои веруваат во мојот успех. Знам дека имам солидна работа. Знам дека имам доволно пари за да си дозволам нормален ручек и кафе и многу мали, но убави нешта со кои мојот живот и не е толку лош.

Најлесно е да се фокусираме на лошите и погрешни нешта, а да заборавиме на добрите. Лесно е да им дозволиме на лошите нешта да ги победат добрите и тоа целосно да не уништи. Лесно е да се заборави сето добро  и да се фокусираме на тоа што е лошо. Лесно е да се заборави на луѓето кои се таму за нас и да мислиме дека сме сами на овој свет. Лесно е да посакаме да избегаме и да се откажеме од се.

Но, тоа нема да реши ништо.

Кога имаме лош ден, немаме лош живот. Нештата ќе бидат подобри.