Тоа е љубов, тоа се сака...

Едноставно се случува. Се заљубуваш. Сакаш. Со целото битие.
Не си ни знаел дека можеш да имаш толку силни чувства за некого.
Не знам дали само еднаш се сака во животот. Милион луѓе – милион чуда. Нема правила.

Љубовта е издржлива. Не ја уништуваат тешки зборови, неразбирање, контрирање, надмудрување. Тие само ја рануваат. Повредите се сериозни, но сепак заздравуваат.

Врската е течна. Но, тоа не е крв, туку моќните сокови во телата. Тука сте исти. И оганот кој ве спојува, силен, опасен за другите освен за вас. Кога инаку да се објасни силната љубов?

Последиците се видливи. Поради течностите и оганот – видот се поматува, ослабува и затоа ти со децении ќе бидеш прекрасна во неговите очи. Кога ќе погледнеш во сликите ќе си помислиш: „Овој човек сепак е необјективен, па овде ме гледа каква сум, а и тогаш мислел дека нема поубава од мене.“ Поради тој оган и тие течности ослабува и моќта на реално расудување. Тој кажува црно кога ќе помисли дека ти ќе кажеш бело. Кога ќе го побара твоето мислење за тоа дали да земе јаболки или лубеница, ти кажуваш лубеница, а тој климнува со главата и вика: „Океј, тогаш јаболки ќе земам“. Не му замерувај, тоа е од оганот и животните сокови. Но, треба да знаеш дека си во сигурни раце.

Не можеш да го менуваш, иако си се обидела.
Нему не му успеало да те скроти, да бидеш по негова мерка.
И двајцата сте останале два светови кои напоредно живеат.
Споени со огнот и течностите.
Вистинско рамо и соодветна големина на глава, за да може убаво да се потпре.

Два тела во совршен спој.
Две слободи, една до друга.
Љубовта постои. Немој да дозволиш да те убедат во спротивното.
Барај ја храбро – сѐ додека не ја најдеш. Вреди.
Ако морам сѐ одново да правам, би променила милион работи.
Но, никогаш не би го променила него.