Tinker Labs е интернационална франшиза за СТЕАМ едукација на деца од 2 до 16 години. Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот, комбиниран со Tinker Labs методот и пристапот на учење, создава извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелектуален и социо-емотивен развој кај децата. СТЕАМ едукативниот спектар се состои од пет предмети: наука, технологија, инженерство, математика и уметност.
Tinker Labs Македонија е четврта година на македонскиот пазар, дел од интернационалната франшиза Tinker Labs International.
Програмите на Tinker Labs се поделени во четири основни програми: Tinker Tots, Tinker Town, Tinker World, Tinker Verse, и четири продолжителни програми: Tinker Tots+, Tinker Town+, Tinker World+, Tinker Verse+. Групите на секоја програма опфаќаат до 10 деца, а наставниците во Tinker Labs франшизата се сертифицирани и обучени за едуцирање според Tinker Labs едукативниот систем.
Од оваа учебна година, 2024/25, Тинкер Лабс се збогати со уште една програма за најмалите деца – Tinker Garden (за 2 и 3-годишни деца).
Бројот на деца во Tinker Labs од година во година расте, како резултат на зголемената свесност кај родителите за квалитетот на неформалното образование. Овој тип на образование им овозможува на децата да го искусат процесот на критичко размислување во пракса и им дава способност да ги обработат информациите преку интерактивни активности. Разновидноста на принципот на учење, методологијата и пристапот, адаптиран според потребите на децата, гарантира успешно пренесување на пораките. Програмите на Tinker Labs се дизајнирани да го збогатат и надополнат формалното образование на децата. Целта не е само да ги научиме децата што треба да знаат за да поминат класични тестови, туку да ја разбудиме нивната вродена љубопитност и креативност, да ги инспирираме да ги откријат своите пасии и таленти и да го реализираат својот интелектуален потенцијал.
Приказната за Tinker Labs започна во 2016 година со отворањето на првиот Tinker Labs центар во Осијек од основачот Алан Мате Орлич. Денес, постојат повеќе од 150 центри ширум Европа, вклучувајќи ги Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија и, од 2020 година, Македонија. Во моментот, во Скопје има четири центри: Tinker Labs Капиштец, Tinker Labs Центар, Tinker Labs Карпош и Tinker Labs Аеродром, со планови за понатамошно проширување низ другите општини во Скопје, како и низ градовите во Македонија.
„Секој што е заинтересиран да започне сопствен бизнис со отворање франшизен центар во својата близина, може да се запознае со Tinker Labs методот на веб-страницата www.tinkerlabs.mk и да нè контактира.“, велат од Thinker Lab Македонија.
Секоја програма содржи 40 наставни единици, поделени во четири дела, а секоја книга има по 10 наставни единици. Секој Tinker Labs центар е дизајниран како лабораторија која ги инспирира учениците во иновативниот процес. Програмите се адаптирани според потребите и способностите на децата од соодветната возраст. Во секоја програма се воведуваат клучни теми и концепти, кои се надградуваат секоја учебна година. Напредокот низ програмите е дизајниран да вклучува што е можно повеќе концепти, како надградба на знаењата и вештините стекнати во претходните години.
Tinker Labs е иновативен едукативен концепт на СТЕАМ едукација, кој вклучува истражувања, експерименти и проекти во сите области наука, технологија, инженерство, уметност и математика, како и развој на функционални знаења и интелектуални вештини потребни за идниот успех на секое дете. Идејата е, преку мали групи од најмногу 10 деца, тие да стекнат знаења и вештини што ќе им користат во формалното образование и понатаму во животот.
Уписите се вршат преку целата година, за да им се даде можност и на оние што подоцна ќе го препознаат овој бренд на едукација. Програмите започнуваат во септември, со почетокот на учебната година, и вклучуваат 40 часа годишно, организирани во часови од 60 до 70 минути еднаш неделно. Даваме можност за приклучување на децата и во текот на учебната година.
Дополнително, Tinker Labs организира летни и зимски кампови за деца на неделно ниво, со избрани теми од нашите програми. Покрај тоа, организираме и Tinker Labs родендени, кои станаа едни од најбараните настани за деца од 5 до 12 години, и тоа како во нашите центри, така и на терен по барање на родителите.
„Благодариме на сите клиенти за довербата и соработката во изминатите четири години, со надеж за уште поголема препознатливост, доверба и повеќе отворени Tinker Labs центри во Скопје и пошироко низ Македонија.“, порачуваат од Тhinker Lab.