Денеска во 05.11 часот во полициска станица во Битола било пријавено дека патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од 19-годишната Т.Б. од с.Крклино,битолско удрило во Б.В.(39) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.В., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.