Тинејџерка со автомобил излета од пат во штипско

Синоќа околу 18.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во правец кон с.Крупиште, штипско, патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.В.(18) од село Стар Караорман, штипско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Д.(56) од Штип, а со телесни повреди се здобила И.В. констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.