Со разубавувањето на времето се зголеми и бројот на мотори на скопските улици и булевари. Но, младите возачи сѐ почесто ја нарушуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Еден таков пример сподели д-р Ненад Лазаров.
- Поминуе со веспа на црвено тинејџер и за да не ја удри девојката на пешачки што си поминуваше, се излизга падна на сред семафори, ја подзакачи ама не страшно. И стануе мочкото се истресе и не погледна ни лево ни десно ниту девојчето, него дали му е изгребан моторот, седна и отиде. Порано за вакво понашање се јадеше ќотек, и тоа добар, сподели д-р Лазаров очигледно револтиран од се пониската култура на младите и неискусни возачи низ Скопје.