Тинејџер со картичката на дедо му плаќал 468 пати и потрошил 468.832 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против тинејџерот К.М. (18) од Делчево.

-К.М. доби пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информира МВР.

Тинејџерот на 28.05.2021 обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања при што го оштетил за сума од 468.832 денари.