Тинејџер се шетал со пиштол низ центарот на Скопје

Пиштол пронајден кај тинејџер од Скопје кој се движел низ централното градско подрачје. 

- На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.