Тинејџер од скопско Глумово прободен со остар предмет - уапсени двајца негови врсници

Синоќа во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје приведоа две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години од село Глумово, скопско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, малолетниците биле приведени постапувајќи по претходна пријава во 19:40 часот дека во Глумово, 16-годишник бил прободен со остар предмет.

За настанот е известен јавен обвинител за малолетници и се работи на целосно расчистување на случајот.