
Полицијата уапси 19-годишен тинејџер во Охрид кој преку социјални мрежи му се заканувал на полицаец.
- Вчера во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Д.Н.(19), постапувајќи по претходна пријава дека преку социјални мрежи упатувал закани кон полициски службеник, а потоа го оштетил и неговото патничко моторно возило, соопштија од МВР.
По целосно документирање на настанот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.