
Од МВР информираат дека во болницата во Гостивар било донесено 18-годишно момче, кое било без знаци на живот.
Синоќа во 20:29 часот во ОВР Гостивар од Ургентен центар-Гостивар било пријавено дека кај нив без знаци на живот бил донесен М.Ѓ. (18) од Скопје, кој претходно имал здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт, а по насока на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, информираат од МВР.