Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана собираше податоци за квалитетот на воздухот по пожарот во Визбегово

Еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана е ангажиран за собирање податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во реонот на Визбегово, во Општина Шуто Оризари, информира Генералштабот на Армијата.  

Ангажманот е дел од пошироката акција на Армијата во согласност со одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на воени сили во справување со пожарите и прогласената кризна состојба од Владата.

Во согласност со побарувањата, ангажирани беа над 150 припадници на Армијата во три општини.