Тиква: Најслатката и најхранливата кралица на есента

Тиквата е наша омилена намирница за есенскиот период. 

Таа е богата со хранливи материи, а истовремено има малку калории. Содржи каротеноиди кои се заслужни за нејзината портокалова боја, но и за многу лековити вредности на тиквата. Меѓу нив се алфа-каротенот и бета-каротенот познати како  дел од витаминот А.

Таа е една од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина, омега 3 есенцијални масни киселини кои се добри за здравјето на срцето и намалување на лошиот холестерол. Тиквата е и одличен извор на цитамин Ц, кој помага како антиоксидант во чување на блескава кожа, го чува здравјето на срцето, но и нашиот имунитет.

Содржи дури 90 % вода, но и природни влакна. Одлична е за оние кои имаат проблеми со варењето бидејќи го смирува системот за варење, ја поттикнува работата на жолчката и црниот дроб и содржи ензими кои го разградуваат холестеролот. 

Може да се конзумира варена, печена, па дури и сирова, а особено корисно за нашето здравје е и маслото од тиква кое се добива како екстракт од семките. Тоа е богато со незаситени масни киселини кои ги чуваат нашите клетки, ја поттикнуваат нивната регенерација, го јакнат имунолошкиот и нервниот систем и го спречуваат развојот на артеросклероза.