Ти си важна!

Ти си важна! Ако никој не ти го кажал тоа денес, тогаш ние ќе ти го кажеме тоа.

Ти си важна.

Твоите мислења се важни. Важен е начин на кој го гледаш светот, важни се и зборовите кои ги држиш во себе, затоа што премногу се плашиш околу тоа што ќе мислат другите. Твојот глас е важен.

Твоите чувства се важни. Не се преувеличени, ниту пак иритантни. Не се нереални, луди или наивни. Тие се тука. Тие се дел од твојата длабочина и затоа се важни.

Твоите мисли се важни. Важни се гласовите во твојата глава. Малите луди работи кои ти проаѓаат низ глава пред да заспиеш. Важни се работите за кои размислуваш во тајност затоа што ти е премногу незгодно да ги споделиш со друг. Твојот ум е важен.

Твоето срце е важно. Важни се работите за кои си страствена. Важно е сѐ што те размрдува, без оглед на тоа што мисли околината, твоите родители и твоите пријатели. Твојата страст е твојот повик и твојот повик е важен без оглед на тоа за што се работи.

Твоите соништа за важни. Тие не се невозможни, не се детинести, не се неамбициозни и не се за секого. Твојата визија е важна. Важен е начин на кој сакаш да живееш. Дури и ако се луди, твојата лудост е важна.

Твојот пат е важен. Тргни по патот по кој сакаш да одиш, вози го автомобилот кој си го избрала, вози како сакаш и слободно исфрли ги сите непожелни патници. Твојот пат е важен, твојот правец е важен.

Твоите проблеми се важни. Препреките со кои се соочуваш ја градат твојата сила. Сите исплакани солзи ќе ја измијат целата негативност. Твоите солзи се важни, твојата тага е важна.

Твојата среќа е важна. Важни се деталите кои ги откриваш во радоста. Едноставните работи пораид кои се смееш. Важни се моментите кои ти го одземаат здивот. Би требало да ги бараш, би требало да ги пронајдеш. Твојата насмевка е важна.

Твоето постоење е важно. Тоа не е случајно, тука си затоа што имаш своја приказна и тука си затоа што ќе оставиш траг. Ти си важна. Секогаш си била и секогаш ќе бидеш.

Можеби си заборавила затоа што си опкружена со луѓе поради кои се чувствуваш како да не си важна, но ти си важна и вредиш и сѐ додека ти го знаеш тоа, ништо друго не е важно.