Ти си будала ако дозволиш да ја изгубиш девојката која би направила сѐ за тебе

Таа се заљуби во тебе поради она што го гледа во тебе.
Таа во тебе виде иднина која ти никогаш не би можел ни да си ја замислиш.
Но, ти одлучи да бидеш будала.
Ти одлучи да напуштиш девојка која би ти дала сѐ што сакаш.
Ти ѝ го скрши срцето на милион парчиња и никогаш нема да сфатиш колку ја повреди, затоа што ти беше единствениот човек за неа.
Но, за тебе, таа беше само една девојка која ти го пополнуваше времето.
Таа беше одлична девојка, но ти не го виде тоа.
Ти си будала затоа што поради тебе таа секоја вечер заспиваше плачејќи.
Но, најголема будала си затоа што таа еден ден те преболи и сфати дека заслужувала подобро.
Таа си најде човек што ја сака и ја обожава.
Таа најде срце коешто секогаш ќе ја заштитува и кое никогаш нема да ја напушти.
Ти си будала затоа што еден ден ќе сфатиш дека си го изгубил најдоброто нешто коешто си го имал, а неа никогаш повеќе нема да и недостасуваш.

Искрено,
Твоите мисли