„Ти си Алеф“ во МОБ

„Ти си Алеф“ е насловот на играно-документарниот филм на авторот, сценарист, режисер и продуцент, Соња Ризоска Јовановска, што ќе се промовира утре во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.


Главната улога на Алеф ја толкува Игор Џамбазов.

Наедно ќе бидат изведени музички точки на Абаз Јахја (на Бендир-неј) и Ајдин Јахја (на неј), а најавено е отворање и на изложбите „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане осмиот пат“ на сликарот Живко Поповски-Цветин, како и изложба на фотографии со наслов „Од пепелта до вистината со Алеф“.