Ти, кој си толку совршено несовршен...

Ова е за тебе, мојот совршено несовршен.

Веројатно малку чудно звучи, два така спротивни зборови кои стојат еден до друг. Како воопшто да се стават во иста реченица, особено еден до друг. Затоа што се вистина, а вистината секогаш излегува на виделина, порано или подоцна...

Да, совршен си, навистина си совршен: татко, личност, човек, работник, пријател...

И тоа го кажувам сосема нескромно, сосема искрено и со најдобра енергија.

Несовршен си само ЗА МЕНЕ.

Толку многу сопствени преиспитувања, осудувања кон самата себе, вина, непроспиени ноќи, толку многу негативни работи, толку многу умор, битки и порази...

Подеми и падови, обиди, уверувања...

И на крајот, изгубена битка, капитулација, конечно предавање...

Те пуштам тебе, се пуштам себеси, нас...

Ние едноставно се разминавме, тргнавме по целосно спротивни насоки.

И сега знам дека конечно те пуштам без никакви обострани осуди, обвинувања, замерки и грди зборови. Те пуштам за да исчезне тој „несовршен“ дел од тебе, а „совршениот“ дел да го зајакнеш, за повторно да веруваш во себе, за да бидеш она што навистина си, за слободно да леташ и никогаш да не се прашуваш дали си доволно добар.

Затоа и ти кажувам дека си „совршен“, но не и за мене. И тоа е сосема океј, не е до тебе, конечно сфаќам дека не е ни до тебе, а не е ни до мене.

Едноставно се потрошивме, изгубивме, уморивме и исцрпивме.

Едноставно човек треба да биде храбар и искрен и да признае кога е крај.

Треба да се признае поразот, да се ослободиме, да си дадеме можност за раст, развој, нови шанси и да се обидеме да бидеме „совршени“, но пред сѐ за себе.