Ти благодарам што ми покажа дека не си ист како другите!

Уште од нашиот прв разговор па наваму, сѐ беше некако лесно.

Пораките, искрени и без игри. Насмевките кои постојано беа на нашите лица. Хемијата при секој наш допир. Тој дополнителен бакнеж пред да си одиме. Ти си сите работи кои никогаш не ги барав. Ти си сосема спротивното од тоа што некогаш мислев дека ми треба.

Но, ти си неодолив.

Секој ден учам нешто ново кое дополнително ме врзува за тебе. Не се знаеме премногу долго, но се чувствувам како цел живот да се познаваме. Не знам зошто, но некако верувам на секој збор кој ќе ми го кажеш. Моето минато не е лесно и ги имам сите причини да се сомневам во тебе. Но, не се сомневам.

Кога ќе ме погледнеш во очи, знам дека ме гледаш. Не ја гледаш фасадата за пред народт, туку мене. Баш таква каква што сум.

Моите рани не се важни за тебе. Мојата шашавост не те исплаши. Моите демони не те застрашија. Мојот оган не гори премногу силно за тебе. Со тебе, јас можам да бидам личност која секогаш сакав да бидам.

Тоа е неверојатно возбудливо, но истовремено и неверојатно страшно. Тоа е некако како да стигнеш до највисоката точка на ролеркостерот и потоа да почнеш нагло да паѓаш надолу.

И тие возења се возбудливи, но истовремено и страшни, затоа што човек го добива целиот адреналин без стравот, бидејќи знаеш дека си безбеден, со појаси на тебе. Така се чувствувам и со тебе. Слободна сум да паднам, затоа што знам дека ќе ме фатиш.

Не знам што има иднината испланирано за нас. Но, знам дека има некаква причина што токму сега е пронајдовме.

Единствената работа за која сум сигурна е дека ова е почетокот на нешто прекрасно.