Ти благодарам што ме љубеше дури и кога бев скршена...

Ова е за момчето коешто ме сакаше откако бев скршена.

Знам дека не бев лесна за сакање.

Види, јас не знаев дека бев способно за љубов откако срцето ми се скрши на милион парчиња. Но, јас бев скршена во секој можен аспект и тебе тоа не ти беше важно...наместо да избегаш, ти уште повеќе ме сакаше.

Кога се обидов да те оттурнам од себе, ти не се ни помести.

Кога се чувствував несигурна затоа што тој ја уништи мојата самодоверба, ти ги кажа сите правилни нешта кои мојата душа сакаше да ги слушне и малку по малку ја изгради мојата самодоверба.

Кога не ти верував поради лагите кои тој претходно ми ги кажуваше, ти секој пат одново ми покажуваше дека не си тој и дека јас можам да ти верувам.

Со текот на времето, научив повторно да им верувам на луѓето.

Кога бев лута и се затворав, затоа што бев навикната да не им е грижа на луѓето, ти седеше покрај мене и не ме оставаше се додека не се средеа работите.

Ми покажа дека сум важна.

Кога ми требаше простор, ти со задоволство ми го отстапуваше, за да ми покажеш дека се е во ред.

Ми покажа разбирање кое долго време го немав.

И кога не се чувствував вредна за љубов, ми кажуваше дека ме сакаш.

Со тек на време почнав да сфаќам дека сум вредна и способна за љубов.

Знам дека не бев лесна за љубов, но ти остана покрај мене и за тоа ќе ти бидам вечно благодарна.

На скршените девојки понекогаш им е потребна таа една личност која ќе успее да ги поправи сите работи.

Фала ти што ти беше тој маж за мене. Што ме виде во вистинско светло, дури и кога се чувствував заробено во темница.

Фала за твојата трпеливост во моето патешествие за повторно пронаоѓање на љубовта.

Фала ти што не избега. Фала ти што мислеше дека не е претешко.

И највеќе од се, сакам да ти се заблагодарам што ме сакаше мене...

... скршената девојка.