Ти благодарам, најискрено и без трошка иронија...

Ти благодарам што во мене поттикна страст за која мислев дека никогаш повторно нема да се разбуди, затоа што ме потсети на огнот кој во мене сè уште тлее. 

Ти благодарам што повторно направи да се чувствувам жива, на начин на кој мислев дека не е возможно, тоа ми донесе божествена радост.

Ти благодарам за секој сомнеж, затоа што во тој период започнав многу лесно да го прифаќам животот, а сега моите мисли се внимателни.

Ти благодарам за секоја лага, затоа што јас наивно верувам дека лесно можам да препознаам кога некој ме лаже, а сега само ретки можат да ја заслужат мојата доверба.

Ти благодарам за секоја рана, затоа што мислев дека повеќе нема да го добивам, а сепак додека „крварат“, знам дека всушност сум жива.

Ти благодарам за рамнодушноста, која ме натера да ги поместам своите граници и повторно да се пронајдам себеси, откако најпрво се изгубив себеси.

Ти благодарам за секоја измама, со која докажа дека за саканите луѓе би поместила и планина, затоа што тие измами ма научија и ваква предобра и наивна да се засакам.

Ти благодарам што ме искористи, затоа што фактот дека некому сум му била потребна, макар за миг, покажува колку сум моќна. 

Ти благодарам што ме збунуваше, во време кога веќе верував во своето искуство, затоа што ми покажа дека не сум видела баш сè во животот. 

Ти благодарам што ме напушти и тоа кога веќе те гледав како дел од моето секојдневие, тоа ми докажа дека јас сум одговорна за својата среќа.