Овој четврток се затвора првиот дел од сезоната на Thursday Shake забавите во летниот клуб Epicentar.

Пред да се распуштиме на кратко (вториот дел започнува на 9ти Август), уште еднаш ќе слушаме нова музика, овој пат презентирана од Irie Scratch и Fitty Flow. Како дополнителна мотивација, ги имаме и Вашите омилени пијалоци (Johnnie Walker, Smirnoff и Gordon`s) по промо цена од 100 денари.