Тезгите се ретчат, пазарџиите најавуваат протест

Со новиот закон за зелени пазари секој закупец на тезга треба да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за секоја дополнителна плус 40 евра.

Пазарџиите велат дека лиценци не вадат, и дека инспекции на пазарите се уште нема, но веќе се забележува дека тезгите на пазарите се се попразни.

Вчера од комората на трговци кажаа дека законот веќе почнал да се спроведува, и уверуваа дека ова е добро законско решение. Сепак издавањето на лиценци оди слабо – досега издадени се околу 50.

Организаторите на пазари најавија за в потек бојкот на законот. Нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Со дописи до економскиот тим на Владата, како и самиот премиер, ќе бараат законот да се одложи или измени.

Министерот за економија вчера кажа дека дописот стигнал до него, но тој не е вистинската адреса каде треба да се обратат. Тој може да им помогне само во делот на измена во правилниците, но не и на целиот закон.

Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.