Тевдовски: Платите во Македонија треба да бидат повисоки

Платите во Македонија растат. Просечната плата во март е зголемена за 5,6 отсто во споредба со март минатата година, а за 5 отсто е зголемена во првите три месеци од годинава во споредба со првите три месеци од 2017.

Ова денеска го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој вели дека зголемувањето на минималната плата довело околу 90.000 вработени да имаат поголеми плати.

-Свесни сме дека во Македонија платите треба да бидат повисоки. Имаме сериозни мерки за поддршка со цел платите да растат а фирмите да ја зголемуваат продуктивноста. Нашата цел е луѓето да бидат вработени, а мерките да не предизвикаат спротивен ефект, вели Тевдовски.