Тетовка била физички нападната од својот брат кој заедно со родителите и ги одзеле личните документи за да не може да се врати во Франција

Триесетгодишна тетовка, вчера во 9 часот, во СВР Тетово пријавила дека брат ѝ И. К. (36) физички ја нападнал и дека заедно со родителите ѝ ги одзеле личните документи поради што таа не била во можност да се врати во Франција, каде што била омажена и престојувала.