Тетовец со пиштол се заканувал на својот брат

Тетовец со пиштол се заканувал на својот брат. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Х.(67) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 23.04.2025 во дворот од семејната куќа во Тетово, пријавениот започнал расправија со неговиот брат и со пиштол му упатил закани, информираа од полицијата.