
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 05.07.2026 во Тетово, по претходна физичка пресметка, пријавениот со остар предмет им нанел повреди на А.С.(41) и А.С.(42), двајцата од село Пршовце.
Наредниот ден, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во деловни простории во Тетово, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,62 милиметри со рамка со девет куршуми и пиштол калибар 22 милиметри со шест куршуми.