Тетовец се допишувал со жена, кога требал да се сретне го начекале две лица, му извадиле пушка и му го оштетиле возилото

Вистинска драма преживеал 27-годишен тетовец откако во полиција пријавил дека бил нападнат од две лица во село Арнакија, скопско

Како што е пријавено тој стигнал таму по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи. Наместо да се сретне со неа го начекале две лица кои му упатиле закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.