Тетовец пријавил дека од сметката на неговата мајка биле направени неовластени трансакции - недостигаат над 8.000 денари

63-годишен жител на Тетово, како полномошник на својата мајка, пријавил во полиција злоупотреба на платежна картичка и неовластени трансакции од нејзината банкарска сметка.

Како што информираат СВР Тетово, пријавата била поднесена вчера околу 09:30 часот, каде според наводите, на 3 јули пријавителот забележал дека од трансакциската сметка на неговата мајка недостигаат 8.148 денари.

Проверката покажала дека биле извршени седум неовластени онлајн уплати, поради што случајот бил пријавен како кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.

Од СВР Тетово соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.