
Двајца тетовци добија кривични пријави поради измама на сограѓанин поврзана со возило.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против А.К.(29) и Б.С.(56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама’’ и „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
Имено, во септември 2025, А.С. од Тетово му го позајмил неговото патничко возило на првопријавениот, кој не му го вратил на оштетениот поради наводен дефект, туку го продал на второпријавениот.