Тетовец на дело го фатил крадецот како врши кражба на железни столбови во неговите викендици во изградба

Синоќа во 20:10 часот во СВР Тетово, Г.Д. од село Лешок пријавил дека во неговите викенд куќи во изградба забележал едно лице кое врши кражба на железни столбови.

Како што се наведува во полицискиот билтен, веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Теарце презеле мерки и во 21:15 часот го лишиле од слобода Р.А.(38) од Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.