Тетовец креирал лажен профил на малолетничка, па ја уценувал со сексуални односи

Полицијата во Тетово уапси млад маж кој уценувал малолетничка за сексуални односи. 

- На 01.10.2024 во 14.10 часот во село Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од истото село. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите, соопштија од полицијата. 

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.