
36-годишник од тетовско, бил лишен од слобода по пријава за семејно насилство вчера вечерта.
Како што информираат од МВР, синоќа околу 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Ф.(36), постапувајќи по пријава од неговата 26-годишна сопруга.
Таа пријавила дека околу 21:00 часот во нивниот дом тој ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.