Тетовец искршил дел од покуќнината и се обидел со остар предмет да го нападне татко си, откако не му биле дадени пари

Вчера во 08:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 32-годишниот В.М. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека во текот на минатата недела во семејниот дом им се заканувал на родителите со остар предмет, а на 03.08.2026 откако не му биле дадени пари искршил дел од покуќнината и се обидел со остар предмет да го нападне неговиот 61-годишен татко.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.