Тетовец две години за пари ја уценувал бившата за да не објави експлицитни содржини од неа - откако ги споделил, полицијата го уапсила

Вчера полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишиле од слобода З.Ѓ.(48) од тетовското село Долно Седларце.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер.

Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска.

Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките. 

З.Ѓ бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.