Тетовчанка се здоби со повреди: Ја нападнале кучиња, па заврши во болница

Тетовчанка заврши во болница, откако била нападната од улични кучиња.

Инцидентот се случил околу 19.30 часот во тетовско Теарце, по што истиот бил пријавен во полициска станица во 23.50 часот.

-На 06.06.2023 во 23.50 часот во Полициското одделение Теарце, 31-годишната Ш.А. од тетовско Теарце пријавила дека околу 19.30 часот во селото била нападната од неколку кучиња скитници, при што паднала и се здобила со повреди, соопшти МВР.