
Вчера во 13:00 часот во СВР Тетово, 47-годишна жена од тетовско, пријавила дека била измамена од С.С. од село Арачиново, скопско, за сума од 550 евра.
Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, во текот на февруари 2026 година преку социјална мрежа стапила во контакт со лицето, кое се претставило како претставник на фирма за мебел и се договорила да нарача мебел.
Како што е пријавено, откако се сретнале му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а тој бил недостапен на телефон.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.