Министерството за внатрешни раноти информираше дека вчера во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот.
На местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.