Тестенини со тиквички и путер

Рецепт за кој нема да ви треба многу време за подготовка, а вкусот ќе ви остане во сеќавање засекогаш. 

Состојки:

450 гр тестенини
2 лажици маслиново масло
4 средни тиквички
150 гр чери-домати
4 чешниња лук
1/2 лажичка чили
2-3 гранчиња свежа мајчина душица
2 лажици путер
120 гр рендан пармезан
20 гр свеж босилек, грубо исечкан
сол и пипер

Подготовка:

Загрејте солена вода во големо тенџере и варете ги тестенините според упатството на пакувањето. Пред да го исцедите, зачувајте околу една чаша од вода во која се вареа.

Во голема тава, загрејте го маслиновото масло, а потоа додајте ги сечкани тиквички, домати, лукот, чили, мајчина душица, сол и бибер. Повремено мешајте, околу 5 минути.

Полека изгмечете дел од зеленчукот за да добиете сос во кој ќе останат и парчиња. Додајте половина чаша од водата од тестенините. Кога сосот ќе зоврие, промешајте ги варените тестенини, путерот и пармезанот. По потреба, додајте повеќе вода од тестенините. Тргнете ја тавата од огнот, додајте свеж босилек и послужете!