Тест во Скопје: Погледнете со што се стигнува најбрзо од „Капитол“ до плоштад „Македонија“

Тројца ентузијасти од Здружението „Идеолошки и аналитички центар Конзерватив“, сакајќи да покажат со кое превозно средство најбрзо се стигнува до посакуваната дестинација во Скопје тестираа автомобил, автобус и велосипед, истовремено тргнувајќи од ТЦ „Капитол мол“, во Аеродором, а завршницата беше кај споменикот на Александар Велики на Градскиот плоштад. Тестирањето покажало дека оној што бил во автобусот стигнал за 24 минути и 30 секунди, оној со автомобилот, вклучувајќи го и зонското паркирање стигнал за 26 минути и 50 секунди, додека оној што возел велосипед стигнал за само 13 минути.

- Сите тргнаа од паркот зад трговскиот центар „Капитол“, во Аеродором, а завршницата беше кај споменикот на Александар Велики на Градскиот плоштад. Сето време сите тројца снимаа со камери прикачени на нив. Тргнуваат заедно во исто време, а се мери со штоперица, велат од Конзерватив.

(Извор - Вечер прес)