Тест: Одберете животно и ќе добиете порака за вашата душа

За да дознаете каков совет ѝ е потребен на вашата душа, само одберете едно од животните на сликата!

Був

Сите решенија кои ги барате се наоѓаат во вашето искуство. Обрнете внимание на страдањето, бедата и неправдата со која сте се соочиле. Имате мудрост која сте ја стекнале низ она што сте го стекнале за време на вашиот живот. Овие искуства ве довеле до повисоко ниво на разбирање. И со секоја нова ситуација во која се наоѓате, вие станувате сѐ помудри. Имате можност да добиете пристап до уште поголема мудрост која се наоѓа во вашата душа.

Поларна мечка

Ако сакате нешто да развивате во вашиот живот, морате да направите место за нешто ново. Тоа би можело да биде ново уверување, нова активност, итн. Нема ограничување околку тоа што би можело да биде тоа, а сѐ е поврзано со промените кои сакате да ги направите во вашиот живот.

Лав

Нема сомнежи дека периодов доживувате огромен стрес. Сепак сте направиле нешто неверојатно. Време е за малку одмор. Морате да поминете ден или два во тишина, да медитирате, да си дадете себеси време за да размислите за неодамнешните настани и да ги анализирате своите мисли. Треба да го направите тоа сега, кога имате повеќе разбирање за ситуацијата, благодарејќи на надминувањето на проблемите. Постои уште една препрека која треба да биде совладана. Морате да ги обновите енергијата, мислите и чувствата!