Тест: Одберете слика за да добиете прекрасна порака

Внимателно разгледајте ги овие четири слики и одберете ја онаа која највеќе ве привлекува. Дозволете интуицијата да ве води. Сликата која ќе ја одберете носи прекрасна порака само за вас.

Порака на благосостојба

Оваа порака денес доаѓа во вашиот живот за да ве потсети дека вие и вашите постапки се ваша мотивациска сила, исто како што тие постапки се ваша волја, а вашата волја е ваша судбина. Затоа денес уверете се дека сте архитект на вашиот живот, разбудете се со љубов и позитивна енергија и потврдете дека го заслужувате најдоброто на светот и во својот живот и работете на тоа. Не мора да ја постигнете вашата цел во еден ден, важно е секојдневно да се движите напред и да не престанете да се движите дури и во лоши денови. Тогаш ќе видите дека секој ден вашите цели стануваат пореални и поопипливи и вашиот живот станува посреќен. Засадете го семето на вашиот прекрасен живот со љубов, затоа што она што ќе го посеете, на крајот и ќе го жнеете. 

Порака на смиреност

Вашите мисли се многу моќни, затоа што се материјал за се’ што постои. Но, не се работи за мислите и идеите, туку и како да се оживеат тие идеи. Сликата која сте ја одбрале, денес пристигнува во вашиот живот за да ве повика на кратка пауза, организирање идеи, средување мисли, внесување бистрина во вашиот ум и движење во иднината, со среќа и душевен мир, за да можете да ги постигнете вашите цели. Вашата денешна порака е да останете мирни и да стекнете јасност. Анализирајте ги вашите идеи, дајте им приоритет, посветете се на развивањето на оние кои ви помагаат да растете, кои ви помагаат да бидете посреќни и ве водат во вашите соништа. Запомнете дека вашиот ум е како вода. Кога е мирен, ја одразува убавината на светот.

Порака на љубов

Оваа слика денес ве потсетува да кажете дека нема причина да се казнувате за минатото. Она што сте го направиле сте го правеле најдобро што сте можеле. Ослободете го минатото со љубов и заблагодарете му се за знаењето кое сега го имате благодарение на него. Секоја случка во вашиот живот е дел од поголем план. Веројатно на вашиот пат ќе налетате на потешкотии и сомнежи, но ако живеете со љубов и преданост, тогаш нема да има ограничувања за вас и за сето добро кое треба да се случи. Денешната порака гласи: Љуби, сакај го она што те опкружува, затоа што љубовта е вистинска и најголема сила во универзумот. Оној кој сака може да постигне многу работи, а она што се прави со љубов, секогаш излегува добро.

Повик на разбирање

Оваа порака денес доаѓа во вашиот живот за да ви каже дека иако работите не се одвиваат секогаш како што вие сакате, секогаш се онакви какви што би требало да бидат. Разбирањето на овие големи вистини ќе го направи вашиот живот многу исполнет и посреќен. Животот е како река, тече по својот пат, затоа не се обидувајте да одите наспроти струјата. Кога нешто поттиснувате, создавате проблем. Ако на својот ум му кажете не, тој дава отпор, па следниот пат кога ќе се соочите со проблем, најдобар начин да го решите е да го разберете, прифатите и следите, а не да се борите против него.