Тест: Одберете слика и прочитајте го вашиот совет за март

Одберете ја сликата која највеќе ве привлекува. Таа ви носи совет за месецот кој ни претстои!

1.

Промените кои толку многу ги посакувате, набрзо ќе пристигнат во вашиот живот. Време е да почнете да верувате во себе. Само треба да научите да го скротите вашиот ум и вашето его, за да можете да имате контрола врз вашиот живот. Бидете трпеливи. Научете да ја користите вашата внатрешна моќ за да можете на животот да му ја дадете посакуваната насока. 

Совет: Не дозволувајте пари или недостаток на храброст да ве спречат да го направите она што одамна го посакувате. 

2.

Запрашајте се себеси: Што навистина сакате, што е она што ве мотивира? Запрашајте се дали сте верни на себеси или само сакате да им угодите на другите или можеби да им се одмаздите. Дури тогаш ќе можете да ја откриете и разјасните вашата вистинска цел која единствено може да ве доведе до среќата која ја посакувате. Веројатно би требало да научите малку повеќе за себе или за она што сакате да го постигнете пред да направите ризичен потег. 

Совет: Само од нас зависи каков ќе биде нашиот живот. Не го заборавајте тоа и направете го овој месец порадосен и полн со верба, надеж и оптимизам.

3.

Тешките времиња се зад вас. Вашите соништа сега ќе се остварат. Она за кое сте работеле во блиска иднина ќе се исплати. Благослов и мир конечно ќе го исполнат вашиот живот. Време е за среќа, исполнувања и развој. 

Совет: Внесете забава во вашиот живот. Радоста и насмевката се најдобри сојузници.