Тест на личноста: Што вашиот омилен ден од неделата говори за вашиот карактер?

Секој од нас има омилен дел од неделата, оној момент кога телото се опушта, умот сонува или срцето трепери.

Photo by cottonbro studio

Избери го денот кога се чувствуваш најсвоја/свој и дознај што тоа кажува за твојата личност.

Ако избравте понеделник:

Вие сте амбициозни, фокусирани и секогаш подготвени за нов почеток.

Иако за многумина понеделник е „тежок ден“, за вас тој претставува чиста страница. Имате јасна визија, сакате да поставувате цели и не се плашите од работа. Луѓето ве доживуваат како лидер, но ретко знаат дека зад вашата сила се крие и чувствителна душа што умее да даде поддршка.

Животен мотив: „Јас не чекам инспирација – јас ја создавам.“

Ако избравте вторник:

Вие сте продуктивни, организирани и секогаш чекор напред.

Вторник е денот кога енергијата ви е на врв. Сакате структура, резултати и често сте личноста што сите ја прашуваат: „Како сè ти оди од рака?“ Не го покажувате лесно уморот, но длабоко во себе знаете кога ви треба пауза – само ретко си ја дозволувате.

Животно мото: „Секој чекор ме носи поблиску до она што го сакам.“

Ако избравте среда:

Вие сте балансирани, духовити и луѓе што знаат да бидат присутни.

Среда е срцето на неделата – како и вие. Меѓу реалноста и соништата, вие сте мајстор на прилагодување. Имате способност да слушате без да осудувате и да внесете леснотија таму каде што другите гледаат тежина. Имате развиена интуиција и знаете кога нешто не е „во ред“, дури и кога никој ништо не кажува.

Животно мото: „Балансот не се наоѓа – тој се создава.“

Ако избравте четврток:

Вие сте визионери, длабоки мислители и инспиративни соништачи.

Четврток е ден на идеи – и вие сте личност што постојано гледа „под површината“. Често ве обвинуваат дека сте „со глава во облаци“, но вие точно знаете што сакате – само не сакате сè да кажувате на глас. Љубопитноста ви е најсилно оружје, а тишината – ваш сојузник.

Животно мото: „Не сум тука само да постојам – тука сум да создадам нешто значајно.“

Ако избравте петок:

Вие сте харизматични, енергични и магнет за луѓе.

Петок е денот кога срцето ви пее. Сакате движење, дружење и моменти за паметење. Вашата енергија заразува, а вашето присуство носи топлина. Сакате животот да го чувствувате низ сите сетила – музика, вкус, смеа, љубов. Но кога ќе се повлечете, тоа значи дека ви треба време за полнење на батериите.

Животно мото: „Секој ден може да биде петок ако срцето трепери.“

Ако избравте сабота:

Вие сте слободоумни, креативни и барате длабочина во сè.

Сабота е ден за себе – и вие знаете како да си го подарите тоа. Не трпите притисок, сакате сопствен ритам и умеете да го цените малото. Можеби не зборувате многу, но кога ќе зборувате – тоа е со смисла. Луѓето ве доживуваат како спокоен дух со многу слоеви.

Животно мото: „Слободата е кога живеам по свои правила.“

Ако избравте недела:

Вие сте чувствителни, грижливи и поврзани со своето внатрешно јас.

Недела е ден за душа – како и вие. Често размислувате за животот, за врските, за минатото и иднината. Имате способност да чувствувате туѓи емоции и затоа другите често ви се доверуваат. Во себе носите нежност што не бара признание, туку разбирање од другите.

Животно мото: „Грижата за себе е мојата тивка револуција.“

Кој ден е твојот омилен? Сподели со пријателите и дознај што нив ги опишува – можеби ќе откриеш нешто ново за нив... и за себе!