Сите имаме светли и темни делови во себе и понекогаш, наједноставните избори, како омиленото кафе, откриваат многу повеќе отколку што мислиме.
Избери го кафето кое најмногу те привлекува од сликата и откриј што се крие во твојата сенка – онаа страна што не ја покажуваш секогаш.
Турско кафе
Твојата темна страна: Контрола
Ти си личност која длабоко чувствува и сака сè да има смисла. Веруваш во традиции и интуиција, но твојата темна страна се појавува кога нешто не оди по план. Сакаш да имаш контрола над секоја ситуација и да се трудиш да го „исправиш“ секој детал,но и секоја личност, наместо да ја прифатиш. Тешко простуваш и лесно се повлекуваш кога си повреден.
Капучино
Твојата темна страна: Идеализација
Ти си романтична душа, топла и отворена. Сакаш удобност, убавина и моменти што имаат емоционално значење. Но твојата темна страна е идеализирањето – на луѓето, на љубовта, на иднината. Кога нешто не испаѓа како во твојата замисла, разочарувањето те уништува повеќе отколку што треба.
Лате
Твојата темна страна: Отпор кон ранливост
Ти си практична, енергична личност која е секогаш во движење. Животот ти е добро организиран, но зад таа структура се крие страв од ранливост. Тешко ти е да се отвориш, а понекогаш се оддалечуваш од луѓето токму кога ти се најпотребни. Твојот предизвик е да научиш дека вистинската сила доаѓа кога ќе си дозволиш да бидеш искрен – дури и кога е тешко.
Ладно кафе
Твојата темна страна: Емоционална дистанца
Ти си кул, модерна и независна личност. Но, твојата темна страна е тоа што често се дистанцираш кога нешто станува премногу емотивно. Можеш да делуваш недостапно или дури рамнодушно, иако во себе се бориш со длабоки чувства. Понекогаш ја користиш независноста како штит за да не бидеш повторно повреден/а.