Тест: Кој е вашиот најголем страв во љубовта?

Тестот е едноставен, потребно е само да ја погледнете сликата и да си дадете одговор што е тоа што прво го гледате на неа.

Лице на маж

Ако гледате лице на маж на фотографијата, тогаш најголемиот страв во врските за вас е неизвесноста. Се плашиме од непознатото, но љубовта по својата природа е променлива и непозната и во тоа лежи нејзината убавина. Вие сте личност која однапред би сакала да ги знае сите аспекти од љубовта и потребна ви е целосна контрола над тоа што ќе се случи, но тоа е тешко да се постигне кога сакате некого.

Жена со книга

Ако ова е тоа што го забележавте прво, тогаш вашиот најголем страв доаѓа од губењето на другата личност. Ја сакате идејата за љубовта и самиот момент на заљубување и поврзување со другата личност, но се плашите дека можеби лудо ќе се заљубите, а потоа ќе ја изгубите личноста. Мислите дека така ќе се изгубите себеси и почесто одлучувате да не и дадете шанса на личноста која ви се допаѓа, едноставно бегате од тоа. Имајте на ум дека губењето е составен дел од животот, но не треба да дозволите стравот да ве парализира. Наместо тоа, бидете отворени кон среќата и живејте во сегашноста, а не во иднината.

Човек со качулка

Ако прво забележувате човек со качулка на сликата, тогаш вашиот најголем страв е тоа да не ве види другата личност во светло во кое не сакате да бидете видени. Се трудите да скриете некои делови од себе, но треба да знаете дека кога ќе воспоставите здрав однос со некоја личност, тогаш таа ќе ве сака и покрај вашите маани и доблести и ќе ве поттикне да станете најдобра верзија на себеси.

Жена во далечина

Ако гледате личност во далечина, тогаш најголемиот страв е дека никогаш нема да пронајдете вистинска љубов за себе. Вашиот страв е предизвикан од неповолни искуства од минатото. Некои емотивни рани тешко се залечуваат, но со одредени техники, ќе ви биде полесно да утврдите што е тоа што ве спречува да најдете вистинска љубов.